Грчката полиција на северот на земјата разби криминална група која продавала бебиња, додавајќи дека станува збор за една од најорганизираните групи во Европа. Полицијата информираше дека 12 лица се уапсени, а 66 се обвинети.

Од полицијата велат дека станува збор за една од „најголемите и најдобро организирани“ групи во Европа. Полицијата им влегла во трага на најмалку 22 случаи на продажба на бебиња, 24 случаи на продажба на јајце клетки и 10 случаи на плаќања на сурогат мајки меѓу 2016 и 2019 година.

Криминалната група, наводно, била предводена од грчки адвокат и од акушер. Тие регрутирале сиромашни бремени жени во Бугарија и им плаќале до 5.000 евра за да ги продадат нивните бебиња на грчки парови без деца.