Разбиена организирана група за криумчарење мигранти, откриени 28 странски државјани
08.09.14 14:44
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден реализираше акција за откривање на криминална група од Скопје за која постоеја оперативни сознанија и информации дека извесен период се занимава со криумчарење и транспорт на илегални мигранти од јужната граница со Република Грција, кон северната со Република Србија. Во акцијата се приведени 5 осомничени лица за превоз на илегалните мигранти и 28 странски државјани кои илегално влегле во земјава, по потекло од Сомалија, Сирија и Пакистан. Меѓу нив имало и 6 малолетници на возраст од 5 до 13 години.
Во акцијата било погодено едно лице, илегален мигрант, кој бил сокриен во багажниот простор. Лицето е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, каде му е констатирана огнострелна рана.
За настанот веднаш е известен надлежен Јавен Обвинител и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Асфалтирањето на улицата „Прилепска“ ќе се одвива во првите месеци од пролетта и целосната реконструкција се очекува да биде завршена до мај, додека улицата „Кленоец“ со оглед на поголемиот обем на...
Во рамките на балканската турнеја на Хрватското книжевно друштво од Риека, денес во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе гостуваат тројца поети Поетот Валерио Орлиќ и е добро позн...
На 17 ноември со почеток во 20:00 часот на малата сцена на НУЦК Григор Прличев прмеиерно ќе биде одиграна претставата „Хелверовата ноќ, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид Претставата е во режи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.