Засега непознатиот сторител, кој  синоќа околу 20 часот и 45 минути изврши грабеж во маркет „Макси-Д„ лоциран на улицата „Јане Сандански„ во Охрид, одзел 93.580 денари, соопшти СВР Охрид.

– Непознатиот сторител, со црна платнена капа-фантомка со отвори за очите, влегол во  маркетот од Јужната  влезна врата на приземјето и од најблиската каса заканувајки се со оружје,  ги одзел парите по што веднаш го напуштил објектот.На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид, при што пронајдени се делови од пластичен пиштол со сива боја. СВР Охрид, презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето- извршител на кривичното дело „Разбојништво„ по што против него ке биде поднесена кривична пријава. – информираат од СВР Охрид.

OhridNews