
Полицијата соопшти дека lоткако пријавителот го паркирал ПМВ „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и излегол од истото, од страна на две непознати лица бил нападнат со удари со тупаници и клоци. Едниот од напаѓачите притоа откако му вперил пиштол и се заканил дека ќе пука, насилно му го одзел несесерот-ташниче за на појас, во кој имало 58.000 денари, клучеви и кредитна картичка. К.Т. веднаш почнал да трча по напаѓачите и кога ги стасал и едниот од нив го фатил за нога, од страна на другиот напаѓач бил удрен со дрво, по што и двете лица побегнале во непознат правец. На К.Т. во МЦ – Охрид му е укажана лекарска помош, каде е констатирано дека се здобил со телесни повреди (набиеници на глава, долна вилица, во пределот на тилот и на лева слабина). Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа од СВР-Охрид, при што се пронајдени и земени за вештачење пластичен пиштол и дрво – кол. Во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот, информираше МВР.











