Вчера во 18,40 часот, во Струга на ул. „27 Март“ во спортска обложувалница , од страна на непознат сторител вооружен со пиштол, со закана извршено е разбојништво над двајца вработени, при што им биле одземени 120.000 денари.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица во Струга и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот.

ОhridNews