
-Вработените кои први дошле на работа ме известија за непријатниот настан. Целта на разбојниците им биле службените комјутери од кои беа извадени мтичните плочи, а куќиштата беа оставени. Искршен е и дел од инвентарот, а одземени се и телефони, монитори и друга опрема.-изјави за OhridNews Флорише Емуш, директорка на градинката.
Таа додаде дека во комјутерите кои биле цел на разбојниците имало софтвер за плати и други програми неопходни за работа на градинката.
Емуш истакна дека не е прв пат да се провалува во градинката која нема чуварска служба и систем за обезбедување.
Случајот бил веднаш пријавен во полицицијата која работи на откривање на сторителите на ова разбојништво.












