Разгледани можностите за соработка на Локалната со ЈУ „Национален парк Галичица“ при денешната посета на градоначалникот Кирил Пецаков и оставрената средба со вработените.
Јавната установа Национален парк Галичица важен дел од функционирањето на Охрид. Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк, информираат од Oпштина Охрид.
Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.

OhridNews












