
На состанокот со заменик генералниот директор на УНЕСКО, Ханс Д’Орвиле, стана збор за напорите на Охрид во зачувувањето на културното-историското наследство, но и напорите на духовниот центар на Македонија за сегашните стремежи и потфати околу афирмација на културата како цивилизациска придобивка. Господинот Д’Орвиле ја изрази својата поддршка за сегашните преземања и грижата за зачувување на наследството, информираат од локалната самоуправа.
Охрид е ставен во Регистарот на УНЕСКО во 1980 година како светски заштитено културно-историско наследство.











