Над 1000 играорци од десетина земји ќе бидат дел од осмиот Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“ што ќе се одржува од 29-ти јуни до 3-ти јули 2014 година во Охрид. Според бројот на учесници оваа фолклорна манифестација од година во година прераснува во еден од најмасовните собири на фолклористи на Балканот.
Фестивалот свечено ќе биде отворен на 30 јуни на летната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, каде што ќе се одржуваат сите фестивалски вечери.
Организаторите информираат дека засега осигурано е учеството на Фолклорни друштва од Русија, Полска, Турција, Црна Гора, Србија и Бугарија. Покрај странските фолклористи, на фестивалот ќе настапат и македонски фолклорни друштва.
Фестивалот „Разиграно оро“ го организира ансамблот „Филиграни“ од Охрид со поддршка од Министерството за култура и од Општина Охрид.
Инаку ансамблот „Филиграни“ неодамна беше на турнеја во Чешка, каде што го доби сертификатот „CIOFF“-Светска организиција.
OhridNews