Од 26 до 29 овој месец во Охрид се одржува Меѓународниот фолклорен фестивал „ Разиграно оро “ на кој учество ќе земат повеќе фолклорни групи од Костарика, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија.Меѓународниот фолклорен фестивал го организираат Ансамблот на народни песни и ора „ Македонка“ од Охрид и Локалната самоуправа.
Ансамблот опстојува на македонската фолклорна сцена веќе 5 години, а годинава го организира фестивалот по вторпат.












