Од 26 до 29 овој месец во Охрид се одржува Меѓународниот фолклорен фестивал „ Разиграно оро “ на кој учество ќе земат повеќе фолклорни групи од Костарика, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија.
Свеченото дефиле низ охридската чаршија е закажано за утре попладне, а охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во фолклорот и во 18 часот на градскиот плоштад, преку песните и ората на учесниците.

Меѓународниот фолклорен фестивал  го организираат Ансамблот на народни песни и ора „ Македонка“ од Охрид и Локалната самоуправа.

Ансамблот опстојува на македонската фолклорна сцена веќе 5 години, а годинава го организира фестивалот по вторпат.

А. Ристоска