По повод предложените измени на Законот за угостителска дејност, со кои на физичките лица би им се забранило издавање на апартмани во станбени згради, сопственици на станови и станоиздавачи од Охрид, денеска, одржаа средба со пратеникот во Собранието Сашо Василевски и претставници на локалната самоуправа.

Предложениот закон катастрофално ќе се одрази на жителите на Охрид, а дел од  станоиздавачите ќе останат без своите приходи, истакнаа засегнатите граѓани.

Ако би се вовел овој закон, луѓето кои издаваат пак ќе ги издаваат само тоа што ќе го прават на нелегален начин со тоа што ќе пријавуваат дека гостите им се роднини пријатели или познаници. Која е разликата помеѓу издавање стан за студент и турист. Не треба да се прави дискриминација заради што секој турист што би дошол би потрошил 300-500 евра од што бенефит би имале сите угостителски и проптратни објекти во самиот град.“ – вели Јован Лазарески, станоиздавач од Охрид.

Од ХОТАМ, кој се иницијатори на предложените измени во Законот за угостителска дејност, велат дека во последните десет години се зголемува закупот на празни станови од одредени лица, кои потоа истите ги „рентаат“ како апартмани и соби за одмор, со што се создава нелојална конкуренција.

Само во Охрид во последните 4-5 години и во Скопје има околу 2000 такви станови кои се издаваат, но не директноо од сосптевиците туку едно лице ги закупува до десет стана на годишно ниво а ги издава на дневна основа. Тука е сивата економија, нема вработени, легални пријавени и автоматски нема како да го контролира државата.“ – изјави Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов, рече дека инспекцијата согласно постојниот закон, има мали ингеренции за контрола на нелегални издавачи на станови, алудирајќи на проблемот со незаконското издавање на викенд станови во Охрид.

Во моментов се разгледува словенечки модел според кој паушално се оданочуваат нерезидентните станови. Во постојана комуникација сме со надлежните институции, градоначалникот и пратен иците. Се надеваме дека во иднина ќе најдеме начин со кој што законски ќе можеме да ги спречеме овие нелегални дејства и општината да биде заштитена во однос на незаконскиот начин на издавање на станови.“ – рече Апостолов.

Пратеникот во македонсокото Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василески, смета дека треба да биде донесен адекватен закон, кој ќе ги штити интересите на граѓаните и туристичките работници.

Овој закон треба добро да се регулира, да има адекватна и реална конкуренција, но да не се газат интересите на станоиздавателите кои во Охрид ги има преку 400.“ – смета Василески.

Според предложените измени на законот за угостителска дејност кој се во собраниска процедура, на физичките лица не им се дозволува да издаваат станови, соби или апартмани на туристи во колективни станбени згради.

OhridNews

Според предложените измени на законот за угостителска дејност, на физичките лица не им се дозволува да издаваат станови, соби или апартмани на туристи во колективни станбени згради.