Локалната агенција за развој (ЛАР),  Струга од месец април,2011 започна со реализација на проектот „Различноста мост, а не бариера“. Проектот има за цел да им помогне на локалните заедници во надминувањето на предрасудите засновани врз етничката припадност и религија, преку поттикнување на мултиетнички дијалог.

Во рамките на проектот се предвидени две мултиетнички јавни дебати , летен мултиетнички арт камп на кој што младите уметници од Струга ќе работат на изнаоѓање различни форми на дијалог и соработка, и мултиетнички културно забавен настан.

Соработници на проектот „Различноста моста, а не бариера“  се членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците на Општина Струга. По завршувањето на имплементацијата ќе биде потпишана декларација за соработка меѓу различните етнички заедници во Општина Струга која понатаму ќе биде проследувана до локалните власти, бизнис заедницата и сл.

Проектот на ЛАР која активно делува веќе 7 години, е подржан од страна на Центарот за институционален развој ЦИРА, во рамки на програмата Civica mobilitas, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

OhridNews