Согласно Програмата на Владата на Република Македонија 2014-2018 година направени се измени на Законот за земјоделско земјиште со што е обезбедена можност за надминување на деценискиот проблем на недозавршените постапки на арондација. Со спроведувањето на овие законски решенија се овозможува земјоделците конечно да се стекнат со доказ за нивна сопственост на парцелите кои ги обработуваат најмалку 20 години, а кои сеуште се водат како државна сопственост.
Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост кое им е доделено во постапка за арондација, а ги немаат регулирано имотно правните односи, дека до 27 ноември 2014 година можат да поднесат Барање до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство за склучување на договор за размена согласно член 16 од Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, со кој е пропишана постапка за регулирање на сопственичко правните односи за склучување на договор за размена.
Во прилог на барањето потребно е да се достави следната документација: изјава од барателот заверена на нотар под материјална и кривична одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во постапка за арондација,имотен лист- Доказ за сопственост на земјоделското земјиште кое владение го отстапил во постапка за арондација, геодтски елаборат со мери и граници на земјоделското земјиште во приватна и државна сопственост кое е предмет на размена.
OhridNews