Собранието на седницата одржана денеска, едногласно, со 102 гласови „За“, ја разреши од функцијата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Одлуката е проследена до Советот на јавни обвинители кој треба да се изјасни по истата.

Јанева, чиј мандат инаку истекуваше на 15 септември, се наоѓа во притвор кој и е одреден поради основано сомневање за инволвираност во случајот „Рекет“. Таа се сомичи за злоупотреба на функцијата во случајот во кој бизнисмени, меѓу кои и осомничени лица во предмети кои го водеше СЈО, биле уценувани за милионски суми.

Во меѓувреме Јанева од притвор писмено побара предметите кои ги води СЈО да бидат преземени од Основното јавно обвинителство. Трансферот на предметите е во тек, а политилките партии и правните експерти се поделени околу таквото решение.

ЕУ изрази разочараност од начинот на кој земјата се справува со криминалот и корупцијата во земјата, но го поздрави преземањето на предметите од СЈО од страна на Јавното обвинителство, изразувајќи очекување дека политичките партии ќе изнајдат решение за ситуацијата и ќе создадат услови за непречено функционирање на судството и правната држава.

OhridNews