Во петок, 27-ми јули, со почеток во 11 часот, ќе се одржи 14-та седница на советот на општина Охрид.
На дневен ред предвидени се 69 точки, меѓу кои се извештаите за реализирана програма во првата половина од годината, измени на програмите за работа, а ќе се расправа и за измените на Програмата за работа на советот на општина Охрид за 2018 година.
Советниците ќе расправаат и околу предлог-одлуките за прифаќање донација на паркиралиште за велосипеди, за прифаќање донации, како и за Предлог-одлуката за одобрување на паричен и непаричен придонес за кофинансирање на предлог подпроект – реконструкција на Кеј „Македонија“.
На седницата, на дневен ред се и разрешувања и именувања на членови на надзорни и управни одбори во јавните претпријатија.
OhridNews












