Црвен крст Охрид во соработка со Одделот за трансфузиологија од Охрид, под мотото “Разубавете го денот, себе си и на другите дајте крв“, традиционално по петти пат ја организира крводарителската акција “Скребатно 2011”.

На денот на Св. Богородица, 28-ми август (недела) од 08:00 часот, драги наши сограѓани и гости, бидете дел од прославата на големиот празник Св. Богородица и во прекрасната природа на с. Скребатно, (кај црквата Св.Богородица), учествувајте во крвдарителската акција- дарувајте крв.

Организаторот на акцијата на сите крводарители Ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеЌавање на хуманиот гест.