Потребите од крв и крвни продукти во овој период на криза предизвикана од коронавирусот е особено нагласена, како во Охрид, така и во целата држава. Од тие причини, а со цел да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со службата за трансфузија организира крводарителска акција под мотото „РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕСИ И НА ДРУГИТЕ“, која ќе се реализира утре, 19 мај,  во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 9:00 до 13:30 ч.

На 19 мај во Охрид ќе се одржи голема крводарителска акција

Ги покануваме сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години да се придружат на хероите на ова време и дарувајќи ја драгоцената течност, спасат човечки животи. Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители. – соопшти Црвен крст Охрид.

OhridNews