Од вчера на јавен увид се  нацрт- развојните програми  кои се составен дел на фискалната стратегија на општина Охрид за 2009 година. Се работи повеќе од 20 нацрт-програми што ги утврди Советот на општина Охрид на последната седница одржана на 28 ноември.

Целта на ставањето на увид на овие развојни документи  е јавноста и граѓаните не само да имаат увид во тоа што се планира, туку и да даваат свои сугестии и предлози.

Увид на нацрт-програмите може да се направи и по електронски пат, преку општинскиот интернет портал.

Ohridnews