– Сето тоа богатство со кое располага Македонија, значи печат по кој земјата може да се промовира надвор, а истовремено отвара можности за привлекување поголем број туристи , истакнува Поповска.
Целта на покренатата иницијатива е во што поголема мера да се развие еко-туризмот на поширокиот преспанско –охридскиот регион.
– Покрај економскиот бенифит, еко-туризмот отвара можности за развој на инфраструктурата во руралните региони и спречување на појавите на иселување на населението од недоволно развиените краишта во земјата, додава Поповска.
Деновиве во Охрид, партискиот огранок на ДОМ заедно со Скопско Туристичко лето организира трибина посветена на перспективите за развој на еко- туризмот во охридско- преспанскиот регион.