
Оттаму потсетуваат на реализираните активности во 2013, меѓу кои за изведените нови водоводни линии, реконструкцијата на постоечките водоводни линии на улиците „Ванчо Питошески“, „ Крум Точко“, „Петрино“.
– Следејќи ги потребите на туристичкиот развој на градот, проширувањето на градежните зони и зголемувањето на населението, изминатата година се зголеми и бројот на корисници на водоснабдителниот систем , односно евидентирани се вкупно 716 нови корисници за кои е обезбедена квалитетна вода за пиење и други потреби, изведени се 247 приклучоци за индивидуални објекти, информираат од Р.Е. Водовод Охрид.
Оттаму, додаваат дека во 2013 година извршени биле 686 интервенции на водоводната мрежа ,квалитетно и навремено санирање на дефектите, 1162 интервенции од страна на одделението за баждарење, како и 43 увиди во техничка документација, а биле дадени и бројни мислења и согласности за урбанистички планови.
OhridNews












