Ракометарите на Охрид остварија нов триумф во Супер лигата совладувајќи го Бутел Скопје (24-22) во дербито кое се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“. „Гладијаторите“, на средината од второто полувреме го скршија ривалот и забележаа значајна победа во трката за местата на табелата кои водат во плејофот.

Јагош Брауновиќ (Охрид) – На средбата со медиумите реков дека ќе биде тежок и исцрпувачки натпревар. Тие се носеа до 50-та минута, додека ние во финишот успеавме да се одлепиме и победиме. Мило ми е што со моите интервенции и помогнав на екипата да победи и да стигне до значајни бодови во трката за плејофот. 

Јовица Младеновски (Бутел Скопје) – Можам слободно да кажам дека одигравме под нивото од она што очекувавме. Не сакам да барам алиби, но заморот од двата исцрпувачки натпревари во Купот на ЕХф си го направи своето. Концетрацијата не ја задржавме во клучните моменти, дозволивме лесни погодоци во одбрана и промашувања во нападот. Мора да ги кренеме главите и да се исправиме, бидејќи немаме време за тагување.

Дарко Јанев (Бутел Скопје) – Се на се одигравме слаб натпревар. Одбраната беше на ниво, но немаше помош од голманите. Нападот комплетно потфрли промашувајќи зицер позиции и тука накаде можеме и треба да ја бараме вината за поразот. 

Раде Стојановиќ (Охрид) –  Најпрво сакам да им честитам на ракометарите на Бутел Скопје за одличната претстава во Купот на ЕХФ. Малку им фалеше спортска среќа и да го поминат ривалот. Мечот со нив во Охрид помина како што очекував јас и моите играчи. Тесно и борбено. Во првото полувреме двете екипи бевме во егал, додека во вториот дел ние одигравме за нијанси поквалитетна одбрана и ја заслуживме победата. 

OhridNews

Серијата продолжува, Охрид го совлада Бутел во дербито!