Англискиот премиерлигаш Челси со вкупен резултат 3-1 го елиминираше Реал Мадрид и по трет пат ќе се бори за трофејот во Лигата на Шампиони. „Сините“ во Мадрид ремизираа 1-1, а на „Стемфорд Бриџ“ славеа 2-0, со што обезбедија билет за финалето, кое на 29 мај ќе се игра во Истанбул, Турција.

 

Томас Тухел (Челси) – Заслуживме победа. Во првото полувреме ни беше тешко затоа што имаа посед на топка и ни создаваа проблеми. Сепак, бевме опасни во контранападите и не ги губевме линиите во одбраната. Во продолжението уште подобро заигравме одбрана, а во нападот бевме фантастични. Требаше да постигнеме уште неколку голови и порано да го осигураме финалето, но 2-0 секако е одлично. Сега не е време за критика. Ова е фантастично постигнување и сите честитки за моите играчи.

 

Зинедин Зидан (Реал Мадрид) – Секако дека не сме задоволни. Кога губите полуфинале, не можете да бидете задоволни, тоа е во ред. Овој пораз е тешко да се прифати, но утре ќе се вратиме на теренот да продолжиме со тренинзите за да оствариме нови цели. Мора да се признае дека противникот заслужи да победи. Се обидовме и се боревме, но тие заслужено победија и стигнаа до финалето. Горд сум на моите момци.

Во финалето во ЛШ, Челси ќе ги одмери силите со Манчестер Сити.

OhridNews