Охридскиот ракометен клуб со пораз од Еурофарм Работник ги заврши домашните натпревари од регуларниот дел од Супер лигата. „Фармацевтите“ славеа со 35-24 и запишаа нови бодови на табелата, додека охриѓани и покрај поразот се` уште имаат шанси за пласман во плејофот.

Мартин Ивановски (РК Охрид) – Игравме против екипа која не преставува во европски рамките и ракометари кои ги носат репрезентативните дресови. Горев од желба да влезам и да играм. Се надевам дека не разочарав и го пружив најдоброто од мене. Ова искуство ќе ни биде од голема помош за младинската екипа која ќе се бори за шампионската титула.

Благојче Трајкоски (РК Еурофарм Работник) – Поминав незаборавни две и пол години во Охрид. Стекнав многу пријатели кои денес ги видов и разменав неколку реченици. Охрид и клубот секогаш ќе ми останат во добро сеќавање, но денес мораше да се борам за мојата екипа. Таква ние професијата мора да продолжиме понатаму. 

Стефче Алушовски (РК Еурофарм Работник) – Во моментов ние сме далеку поквалитетна екипа од Охрид. Она што го работиме на тренинзите го остваруваме на натпреварите и навистина ме радува. Околу 90% од задачите играчите ги исполнија и се гледа напредок во играта. За Охрид како клуб имам само пофални зборови. Охрид се грижи за ракометот во Македонија и ќе бидам исркрен местото му е во плејофот.

Славиша Димитријески (РК Охрид) – Резултатот на семафорот не е мерило. Со хендикеп го започнавме мечот со неиграњето на Дарко Георгиевски и повредениот Иван Тасески. Тие двајца ракометари ни се дел од костурот на екипата и тешко е да се игра без нив. Шанса добија и помладите која максимално ја искористија и тоа многу ме радува.

OhridNews

“Еурофарм Работник” пресилен за “Охрид”