Охридскиот фудбалски клуб имаше успешен вовед во втората етапа во второлигашкиот шампионат, победувајќи го Кораб со 2-0 (1-0), во првата рунда од пролетната полусезона. Охриѓани комплетно го одбележаа локалното дерби со Кораб и сосема заслужена се радуваа на победата.

Александар Ѓорѓиески (Охрид) – Втората полусезоната ја отворивме на најдобар можен начин. Очекувавме тврд и неизвесен натпревар, исполнет со голема борба на средината од теренот. Мечот го започнавме во грч, но брзо се ослободивме од притисокот и покажавме решителност за победа. Гостите речиси и да не се заканија, а треба да се пофали играта на целата охридската екипа и тренерот Бочески, кој ни даде вистински насоки и совети. Оваа победа ќе ни даде дополнителен мотив за претстојниот натпревар со Тетекс, а и за следните, кои не очекуваат во третиот круг.

Драган Бочески (Охрид) – Првите мечеви се секогаш тешки, особено кога против себе имаш локален ривал. Комплетно ја заслуживме победата, бидејќи покажавме квалитет и карактер во текот на целиот натпревар. Им честитам на фудбалерите за играта и ангажираноста. Победата е плод на подготовките, кои ги одработивме на високо ниво во текот на зимата.

Назми Ајдини (Кораб) – Им честитам на домаќините за победата. Не сакам, но морам да кажам дека крајно сме разочарани од судењето, кое дирекно влијаеше на конечниот резултат.

OhridNews

 

„Рибарите“ стартуваа со победа, Кораб без шанси на „Билјанини Извори“

Втора МФЛ: Вардар Форино – Гостивар не се одигра, Охрид се проби на второто место