Во неизвесен и тврд меч со многу пресврти и возбудувања Пролет го победи Охрид со 25-23 во дербито од 10-та рунда во Супер лигата. Скопјани со триумфот ставија точка на серијата без пораз на охридските ракометари во СРЦ „Билјанини Извори“.

Крсте Андоноски (РК Охрид) – Се боревме и дадовме максимум да го надополниме отсуството на двајцата стандардни играчи, но како што одминуваше мечот така не стигнуваше и заморот и на крај изгубивме. Играта со срце, овој пат не беше доволна за поволен резултат. Нема да ги наведнеме главите и ќе продолжиме да играме како што го правевме тоа до сега.
Иван Тасески (РК Охрид) – Исцрпеноста од трите тешки мечеви во серија си го направи своето, недостатокот на Георгиевски и Димитријески исто така беше фактор и добрата игра на гостинската екипа. Во текот на мечот и јас почуствував болка во задната ложа, но мораше да продолжам да играм, бидејќи толкав ни е ростерот. На следниот меч повторно одиме да се надигруваме и да покажаме дека местото нас ни е во плејофот.
Ласко Андоновски (РК Пролет) – Тензичен натпревар во смисла на резултатски притисок и публика против нас, а многу чист на теренот. Од се срце сакам да им се заблагодарам на охриѓани за прекрасната атмосфера и за фер и коректното навивање. Пред мечот кажав дека ние си имаме свои адути, а тие ги искористивме и заслужено победивме.
Супер лига: Пролет триумфираше во Охрид
Мх.П.
Фото: Емил Јовановиќ














