Фудбалерите на Скопје му го нанесоа првиот пораз на Охрид во второлигашката конкуренција победувајќи со 1-0 на СРЦ „Билјанини Извори“. Дербито на колото изобилуваше со голема борба на теренот, а победникот го одлучи погодокот на Изет Ајрулаху во финишот од првито дел.

Љупчо Маркоски (Скопје) – Очекувавме и се подготвуваме за ваков тврд и тежок натпревар. Бочески како стратег е многу искусен и од отприлика знаев на што ќе тежнее. Ние ги затворивме нивните адути и одигравме многу добар натпревар. Момците заслужуваат честитки бидејќи и со играч помалку покажаа карактер, издржаа и заслужено ги освоија трите бодови. Нам црвените картони ни носат проблеми, но мора малку и судиите да поработат на квалитетот на судењето. Во дерби натпревар во кој немаше ниту еден инцидент помеѓу играчите ние добиваме црвен картон за стартотви. Во најмала рака и Охрид требаше да добие црвен картон.

Драган Бочески (Охрид) – Не одигравме најдобро и мора да го признаеме поразот. Во првиот дел се заканивме само еднаш, додека во второто после измените нападнавме и креаиравме неколку прилики. Поразот не смее да не обесхрабри, туку треба да продолжиме напред како ништо да не се случило.

Изет Ајрулаху (Скопје) – Среќен сум за погодокот и победата, но посреќен сум за добрата и пожртвуваната игра на екипата. Кога екипата „гине“ на теренот головите и бодовите ќе си дојдат. Во првите четири натпревари од Втората лига покажавме најмногу и мислам дека сме зрели за напад на првата позиција и промоција во Првата лига. Сепак, не се залетуваме бидејќи не е ништо готово и има уште многу за играње.

OhridNews

 

Скопје го однесе целиот плен од Охрид