Новајлииите во македонската фудбалска елита, Струга Трим Лум и Борец со реми (1-1) ги завршија натпреварите во есенската полусезона. Со бодот стружани се зацврстија на средината од табелата додека велешани го скршија мразот и ги прокнижија првите бодови на гостински терен.

Горазд Михајлов (Борец) – Сакам да им честитам на моите фудбалери кои успеаја да го скршат мразот и да освојат бод на гостински терен. Тешко беше, а не ни очекувавме поинаков натпревар. Струга Трим Лум играше далеку подобро од нас. Домаќините го диктираа темпото на игра, креираа повеќе прилики и тие можат да бидат не задоволни од бодот. Борец после 20 години се врати во елитата и некој да ми понудеше 20 бодови пред почетокот на сезоната со две раце ќе ги прифатев. Значи дека задоволни сме од полусезоната и со уште поголеми мотиви ќе продолжиме во пролетниот дел.

Јетон Бекири (Струга Трим Лум) – Во најавата за мечот со Борец кажав дека за нас ќе биде натпревар на полусезоната. Знаев што не очекува, дека Борец по секоја цена ќе се бори да остане не поразен и успеа и сакам да им честитам. Ние мора да прифатиме бодот. Затаивме во реализацијата, но многу ме радува реакцијата на играчите после примениот погодок. Кратко време ќе имаме за одмор и опуштање, а потоа почнуваме со жестоки подготовки за втората етапа во Првата лига.

OhridNews

Прва МФЛ: Реми во Струга и во супер дербито во Скопје (видео)