СДСМ е “Светски и Вселенски шампион“ за правење долгови. За да не заборават повторно ги потсетуваме дека општина Охрид ја оставија со финансиски долгови од точно  2.152.500.000. Долговите ги направија со цел да финансираат не повеќе од дваесетина нив блиски фирми, службени патувања, бензини, деловни ручеци, згрижување на партиски лојални луѓе, со еден збор парите ги потрошија за луксузирање на сметка на граѓаните на Охрид. Притоа ниту еден капитален објект не е изграден со тие пари, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа во врска со денешниот допис од СДСМ.

– Градоначалникот Бакрачески заедно со неговиот тим посветено работи на реализација на сите проекти во Охрид, а ва однос на вашиот интерес за заемот од Светска банка повторно ќе ви одговориме дека ваков заем може да добие институција кај која што Светска банка потврдила напредок во однос на финансиската состојба и дополнително после едногодишен мониторинг  врз основа на изработени проекти одлучила да го додели овој заем на општина Охрид под крајно поволни услови. Голем дел од заемот ќе се искористи на проекти од областа на инфраструктурата, стои во реакцијата.

Во врска со изнесеното од ОО на СДСМ, реакција и од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Што се однесува до иселувањето на охриѓани  и денес СДСМ  покажа дека зборува на “празно“  и повторно пласира лаги.   Ако во 2011 година  се иселиле 1069 охриѓани, а во 2012 година  1 296 во 2013 година благодарение на довербата што охриѓани ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ и  Градоначалникот Никола Бакрачески бројот на иселени лица е само 766. Ова е доволна потврда за вербата што охриѓани ја имаат кон локалното раководство на  ВМРО -ДПМНЕ  и  проектите  кои се во насока на намалување  на иселувањето на охриѓани. Во таа насока се и заложбите и проектите за стопанско заживување на Охрид. Благодарение на заложбите на градоначалникот, Бакрачески  прв пат, по 24 години во Охрид  и охридскиот регион после период на масовно  затворање на стопанските кпацитети и масовно отпуштање од работа,   се  вработуваат  луѓе  . Ова е период кога Локалната самоуправа  на ВМРО-ДПМНЕ  прекинува со праксата на затворање на стопанските капацитети и со отпуштање од  работа .Во Охрид  почнува еден нов период  на стопански препород, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека актуелната власт е многу поразлична од претходната и дека ги враќа долговите на мината  која го презадолжила  градот, само за интерес на поединци блиски до поранешната владејачка структура.

OhridNews