Наумче Угреновиќ (РК Струга) – Резултатот е реалаен, а победата е сосема заслужена. Технички сме подобри од охриѓани имаме млада екипа, поткрепена од доста искусни играчи кои во Охрид одиграа одлично. Натпреварот во купот беше една проба за претстојната полусезона и за гостувањето во Охрид во шестата рунда од првенството.
Горан Андоновски (РК Охрид 2011) – Штета што не пруживме поголем отпор на мечот со Струга. Меѓутоа мораме да напомениме дека Охрид седум години апстинираше од ракометна сцена, а за тоа време Струга направи доста квалитетни ракометари. Вината за поразот е во нападот, кој прокоцка многу топки. На тоа кога ќе се додадат четирите промашени седмерци е премногу да се добие есенскиот првак во Првата лига.
Кирил Пецаков (РК Охрид 2011) – Против Струга ни се повторуваат истите грешки како и на претоходните натпревари. На ваква атмосфера и полна сала можат да подзавидат суперлигашките екипи, а во нив спаѓаат и гигантите Металург и Вардар. Ние сме премногу благодарни до сите охриѓани и навивачи кои дојдоа во спортската сала “Билјанини Извори“.
Коцаревски (РК Струга) – Бевме подготвени за ваков меч бидејќи веќе неколку пати имаме играно тука, а немаме победено. Го направивме и тоа ја освоивме охридската тврдина. Сепак ова беше натпревар во купот, а сигурно дуелот со Охрид во шампионатот ќе биде многу потежок. На ваква публика можат да завидат многуте суперлигашки тимови и моја желба е еден ден Охрид и Струга ова дерби да го играат во Супер лигата.