Ристе Томовски (РК Охрид) – Знаев дека ќе погодам од линијата за
седум метри. Уште пред почетокот на натпреварот знаев каде ќе го шутирам
првиот пенал. Што се однесува до мечот имавме многу желба да победиме, а
во голем дел од натпреварот среќата не беше на наша страна. Но,
причината ако неуспееме да обезбедиме влез во Супер лигата ќе ја бараме
во поразите на гостувањата каде патуваме некомплетни. Се што сме правиме
до сега сме го направиле со срце за градот Охрид.
Крсте Костески (РК Струга) – Задоволни сме со реми од тешкото гостување во Охрид, но многу сум револтиран од случувањата после завршувањето на мечот. Ние сме еден народ, раздалечонста е мала и не треба да ни се случуваат вакви работи особено не на спортски манифестации. Спортот треба го примениме како другарство, а не место каде треба насилството да биде во прв план.
Крсте Коцаревски (РК Струга) – По завршување на мечот се случи тоа што никој не го очекуваше и ми ги расипа сите убави впечатоци за феномалното дерби. Ние во Охрид дојдовме да победиме, но мора да сме задоволни и со бод. Се договоривме до крајот на сезоната да не претрпиме ниеден пораз и во голем стил да влезиме во Супер лигата.