Ренато Димитриевски (К.К. Лихнидос) – Натпреварот беше тежок. Водството воглавно се менуваше и никоја екипа немаше некоја посериозна предност. Во последниот шут не ми затрепери раката и мило ми е што ја израдував охридската публиката.
Весна Балазоска (К.К. Лихнидос) – Мечевите кои се добиваат во финишот на натпреварот се најслатки и секогаш ќе останат во главите на актерите. Таков “среќник“ да го реши победникот беше Ренато Димитриевски, кој не подлегна на притисокот во последниот удар. Што се однесува до мене како тренер ова ми е најслатка победа извојувана на крајно драматичен начин. Нам ни следи пауза од две седмици бидејќи сме слободни во наредното коло и мирно ќе ги пречекаме следните натпревари.
Никола Кузески (К.К. Лихнидос) – Одигравме добар натпревар. Пред мечот се договиривме да се стегниме максимално во одбраната, шутот на послужи што не одведе до нов триумф. Време е наредните противници кои ќе гостуваат во Охрид да доаѓаат со резерва и да знаат дека во “Билјанини Извори“ бодови нема.
Делчо Толев (К.К. Гоце Делчев) – Во спортот секогаш е така, кој ќе има повеќе среќа ќе победи. Овој пат среќата им се насмевна на домаќините кои заслужено победија. Имам замерка за судиите кои со една одлука во последниот напад го решија победникот на дербито.