Охридските кошаркари до третата победа сезонава стигнаа на убедлив начин совладувајќи го тимот на Бест (87-71) во дерби средбата од петтата рунда во втората машка кошаркарска лига. Публиката која дојде во салата “Билјанини Извори“ уживаше во маестралната престава на Лихнидос зачинета со цепелини, брзи акции и “банани“.



– Целиот натпревар беше во нашата корист.  Поучени од грешките кои ги направивме минатиот натпревар, на овој меч влеговме крајно мотивирани. Секој од кошаркарите кој доби шанса на мечот со Бест максимално ја искористи и затоа стигна до убедливиот триумф. Во втората лига нема фаворити, тоа се покажа и на мечот со скопјани. Нашата екипа е млада и неискусна додека тимот на Бест неколку години се натпреварува во втората лига. Екипите кои во иднина ќе гостуваат во Охрид редно време е малку да делуваат исплашено, бидејќи доста е оној баук што се слуша за Охрид дека нема кошарка –
посочи тренерот на охриѓани, Весна Балазоска.


– Повредата на тетивата која ми правеше проблеми месец дена е минато. Макотрпно работев на тренинзите да се вратам посилен и посрпремен. Ваквата игра на домашен терен ако во иднина ја пресликаме на гостувањета, слободно можам да кажам дека ќе го освоиме првото место во втората лига – истакна Иво Христовски.

Мх.П.