Кошаркарскиот клуб Охрид имаше деби од соништата во второлигашкото друштво победувајќи го составот на Ангели со убедливи 114-62 во „Билјанини Извори“.


Охриѓани иако победија со огромна разлика на семафарот најавија дека ова е само почеток на сезоната и допрва следуваат вистинските возбудувања.

Бранко Јанески (КК Охрид) : Очекувавме ваков триумф бидејќи нашата екипа има есктра квалитет за Втората лига. Стартот не ни беше најдобар, но притисокот си го направи своето. Кога се ослободивме покажавме дека знаеме и можеме. Се надевам охриѓани уживаа во нашата кошаркарска престава и ќе продолжат да доаѓаат на нашите мечеви на домашен терен.

Боро Петровски (КК Ангели) : Честитки за охридските кошаркари кои заслужено го добија натпреварот. Квалитетот нивни излезе на виделина и им посакувам многу успех во Втората лига. Клубот со својата организираност потполно заслужува да биде дел од кошаркарската елита. Ние креираме млад тим со кошаркари од 17 до 21 година и ќе треба време да се воиграме за да го избегнеме испаѓањето од Втората лига.

Петар Чочорски (КК Охрид) : Ова ќе биде нашиот стил и начин на игра во сите натпревари од Втората лига. Почнавме во голем грч, но тоа е нормално кога се работи за прв натпревар. Викендов што доаѓа не очекува нов уште потежок натпревар против Пелистер и се надевам на поголема бројка на трибините. 

Охриѓани со 100-ка тргнаа во Втората лига

Ohridnews