Охридските ракометари го претрпеа третиот пораз во плејоф мечевите од Супер лигата откако изгубија на домашен терен од Макс Струмица 30-28.


Струмичани во второто полувреме ја задржаа предноста од шест погодоци која ја остварија со маестралната игра во првиот дел.

Борче Соколов (Р.К. Струмица) – Очекував многу потежеок натпревар. Многу лесно се справивме со Охрид во првиот дел што ни ги отвори вратите за победа. Во второто полувреме очекувано паднавме поради малиот ростер, но собравме сили за победа која ни ги отвора вратите за третата позиција.


Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Одигравме две различни полувремиња. И покрај големата негатива успеавме да се вратиме во игра за поволен резултат. Имавме три напади за реми, не ги реализиравме и тоа не чинеше пораз. Не е ништо загубено, а ниту трагично бидејќи секоја екипа може да загуби. Одигравме четири мечеви за десет дена во пеколно темпо, но нема да бараме алиби туку ќе ги кренеме главите и ќе се фокусираме на следниот предизвик наречен Прилеп.


Ванчо Трендафилов (Р.К. Струмица) – Моите играчите не заслужуваат пофалба туку орден за борбеност и пожртвуваност. Изгинаа во одбраната, а во нападот стрпливо ја чекаа својата шанса. Целта наша е да завршиме на третата или четвртата позиција. До сега чекориме одлично имаме три победи во исто толку мечеви.

Макс Струмица го освои целиот плен во Охрид

Фото: Емилио
Мх.П.