Охрид го претпре четвртиот пораз во низа, четврти на домашен терен. Поразот со 4-1 од скопски Металург е најтешкиот на домашен терен сезонава.
– Го одигравме сигурно најслабиот натпревар сезонава. Металург играше отворено не притисна и ние не успавме да им парираме. Што побргу треба да се заборави ова бледо издание, и мислите да ги насочиме кон наредните мечеви – рече тренерот на охриѓани Миле Цветкоски
– После неколку натпревари кога се мачевме, игравме лошо не победувавме, игравме добро не победивме, против Охрид игравме и добро и победивме, што е важно тоа го направивме на терен кај тим што се бори за опстанок. Победивме, а од она што не сум задоволен е тоа што од една полушанса примивме гол. На 2-0 на полувреме им напоменав на игхрачите дека имаме незгоден резултат, но за среќа се вративме бргу на два позитива – истакна стратегот на Металург Ѓорѓи Христов.
Во наредната рунда, Охрид гостува кај Вардар, додека Металург на домашен терен ќе игра против Тетекс.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com