– Одигравме од срце за Охрид како и секогаш на домашен терен. Работнички беше тежок противник за игра, вложиве големи напори за да победиме на натпреварот. Тие на мечот против нас докажаа дека победите над Струга и Радовиш не биле случајност и со право се наоѓаат во горниот дел од табелата. Голема благодарност до публиката, која секогаш безрезервно не подржува – истакна најдобриот стрелец во охридскиот состав со десет погодоци, Ристе Томовски.
– Работнички е квалитетна екипа, затоа и успеале да ја совладаат Струга со седум голови разлика. Ние во повеќе наврати имамве можност да го финишираме мечот, но имавме недопусливо опуштање. Ние ќе бидиме пресреќни ако нашата екипа има вакво судење на гостински терен, како што имаше Работнички во Охрид – потенцираше тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.
– Одигравме одличен меч против Работнички. Одбраната беше на ниво иако некои судиски одлуки беа на штета на нашата екипа. Нападот си го направи своето постигнуваше голови кога беше најпотребно – посочи Иван Тасевски.
– На почетокот од сезоната немавме некои планови и цели. Каква шанса ќе ни се пружи таква. Морам да потенцирам дека екипата на Работнички е млада и неискусна, затоа и го загуби мечот со Охрид – рече тренерот на Работнички, Влатко Неделковски.
Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч Тој и...
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.