Охридските ракометари победувајќи го Тинекс Пролет во полуфиналето (21-17) остварија половина од задачата во четвртфиналната група од Купот на Македонија.
Другата половина од задачата се вика Прилеп, а мечот ќе се одигра во недела во 19 часот.
Иван Стојановиќ (Р.К. Охрид) – Им честитам на моите соиграчи за борбената игра во текот на целиот натпревар. Ова е само првиот чекор од нашата цел пред почетокот на овој турнир. Се надевам дека против Прилеп ќе повториме некои сегменти од играта со Тинекс Пролет и ќе се избориме за пласман на фајнлфор турнирот.
Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Одигравме еден тежок натпревар после мечевите со Вардар и Металург во плејофот од Супер лигата. Во играта на ракометарите се гледа заморот кој не дозволува максимум. Ќе мора брзо да се рехабилитираме бидејќи против Прилеп не чека исти таков меч. Ја повикувам охридската публика во што поголем број да дојде и да ни даде ветар во грб во последниот меч кој не дели од историска сезона.
Охриѓани на натпревар од историја
Фото: Емилио
Мх.П.