– Им ја честитам победата и есенската титула на домашна екипата. Исто така им благодарам за топлиот пречек како и на публиката која беше беспрекорна. Со вакви судии како што имавме ние денес е невозможно да се игра. Пак ќе се навратам победата на Струга е чиста, но судиската двојка мечот го водеше како за нив да се игра ракометот е не за ракометари и публиката – истакна тренерот на Радовиш, Живко Андонов.
– Голема благодарност за публиката која издвојуваше време да дојди и да не бодри на натпреварите кои ги игравме на домашен терен. На мечот со Радовиш покажавме дека сме поквалитетни и посупериорни затоа и заслужено сме на врвот на полусезоната. Во втората половина од шампионатот не очекуваат тешки и одлучувачки натпревари. Ние како управа ќе се потрудиме на ракометарите да им овозможиме добри припреми и со соодветни засилувања на крајот сите да се радуваме на влез во Супер лигата – посочи Претседателот на ракометниот клуб Струга, Науме Угреновиќ.
– Зацртаната цел на почетокот од сезоната ја остваривме да станиме есенски прваци. Планиравме и сакавме тоа биде со поголемо бодовно салдо од три бодови. Непланирано кикснавме во Скопје против Работнички, но сепак добро што е сме на врвот и таму ќе презимиме до почетокот на втората половина од сезоната. На пролет не очекува тешка борба за првото место во која се надевам дека ќе излеземе победници. Гостуваме во Прилеп, Охрид и Радовиш во натпревари кои сигурно ќе го дадат патникот во Супер Лигата. Затоа сакав да победиме што поубедливо на мечот со Радовиш бидејќи кој знае што ќе се случува во последното коло – потенцираше Коцаревски Ѓорги.
– Одигравме стрпливо во нападот и претпазливо во одбраната што ни донесе триумф во дербито со Радовиш. Кога веќе е јасно дека сме есенски прваци можеме сите заедно да прославиме – рече најдобриот ракометар на Струга, Никола Костевски.