Знаеме дека од СДСМ Охрид мора да ја одработат агендата која им е наметната од Скопје и според која мора да се активни и да ја напаѓаат власта во градот, но во ситуација кога локаланта власт работи по закон, транспарентно,одговорно и отчетно пред граѓаните, оваа партија нема што да критикува, па бара проблеми онаму каде ги нема. На едноличен начин постојано да одржуваат прес конференции на исти теми и да критикуваат за вработени луѓе, кои примаат редовно плата и нив да ги прикажуваат како некакви жртви за кои наводно оваа партија се грижи, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по одржаната прес конференција на ОО на СДСМ.
– Господата од СДСМ сигурно ги прочитале изјавите на дел од вработените во Косел, со кои тие побараа оваа партија да не ” кука ” над нив, па крајно време е да ги послушаат и да прекинат да ги злоупотребуваат вработените во општинската админситрација во дневно политички цели. За крај прашуваме дали вработените во админситрацијата кои се во други објекти во градот како дел од функционалниот имот на Локаланата самоуправа се дискриминирани, бидејќи и тие работат во канцеларии кои не се дел од зградата на Општина Охрид ?, стои во реакцијата.
Реагираат и од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ со префрлањето на дел од администрацијата во општинската зграда во Косел настојува да се доближи до мештаните од охридските рурални средини . Тие секојдневно имаат можност да остваруваат комуникација со стручните служби на општина Охрид кои ги евидентираат нивните проблеми со што понатаму многу е полесно да се провери до каде се предметите на овие граѓани, а со тоа тие не би морале да патуваат до Охрид и да се изложуваат на дополнителен трошок . Вработените кои во моментов се во Косел, извршуваат работни задачи кои соодветствуваат на нивните работни места согласно новата систематизација. Значи нема ништо тенденциозно. Едноставно ставена е во функција општинската зграда во Косел која е во одлична состојба. Се работи за зграда која ги исполнува сите потребни стандарди за нормално одвивање на работата, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
OhridNews