ВМРО- ДПМНЕ продолжува со серијата несериозни и небулозни пресови и обраќања и разни празни повици до раководството на СДСМ  и градоначалникот Петрески за некаво наводно објаснување, стои во реакцијата од општинската СДСМ во врска со денешната прес- конференција на пратеникот Шокароски.

–     Добро е што пратеникот од редовите на ДПМНЕ Харалампие Шокароски, денеска бил во Трпејца, но очекувавме на граѓаните од ова село да им каже дека се што е направено во Трпејца е направено од СДСМ и градоначалникот Александар Петрески. Во времето на нивното владеење, во Трпејца не е закован ниту еден клинец. Требаше Шокароски на Трпејчани да им каже кога ќ биде срушена дивоградбата на неговиот  партиски колега Марјан Ѓорчев, а не да сее магла и небулози. Зарем ова не е дволично, непринципиелно и волунтаристичко однесување на ДПМНЕ преку нивниот  денешен ,, гласноговорник ,, Шокароски. Толку многу портокаловите ги има фатено паника од се поголемото незадоволство на народот заради недомаќинското и популистичко владеење на власта, што веќе не знаат  што и за кого зборуваат, стои меѓудругото во реакцијата. 

Реакција и од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.

–    Господине Шокароски , доколку имате доблест и ги почитувате граѓаните , јавно треба да кажете што има направено власта на ВМРО- ДПМНЕ во Трпејца . За разлика од вас , ние со високо крената глава , секогаш сме биле  и можеме да отидеме во Трпејца , зошто таму сме инвестирале и ќе инвестираме за да им го подобриме животот на жителите на оваа позната туристичка населба. Локалната самоуправа во мандатот на градоначалникот Александар Петрески  изгради нов резервоар и водовод. Поплочени  се улиците и уредено и асфалтирано е средселото , а за брзо време  ќе почне реконструирањето на училиштето.Што се однесува до дивоградбите ,  ве посетуваме дека градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа ,  работат во склад со законите и по завршувањето на постапките , ќе ги  урива оние објекти кои нема да се легализираат. Меѓу нив е еден голем дивоизграден објект на висок функционер од партијата ВМРО- ДПМНЕ , па очекуваме, кога ќе се урива овој објект, во Трпејца да присуствува и Шокароски, се наведува во реакцијата.   

OhridNews