Со регулирањето на паркирањето во централното градско подрачје , локалната самоуправа направи многу во средувањето на сообраќајниот хаос за време на главната туристичка сезона. Наместо да ги пофалат ваквите  проекти, од ОК на ВМРО- ДПМНЕ , за својот град велат дека е навлезен во сива криминална зона, стои меѓу другото во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска со денес оддржаната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

–    Фирмата  со која е склучен договор за стопанисување со дел од паркинзите  и за  која сега велат дека е од приватни лица со дебели криминални досиеа , е истата која во 2005 година , кога тие беа на власт , ги добија паркинзите под концесија, велат од кабинетот на градоначалникот од каде додаваат дека жителите од трите згради кај старата автобуска станица,  можат бесплатно да го користат паркингот зад хотелот „ Ривиера “, а паркингот на улицата е наменет за туристите.

Реакција и од општинската СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека ВМРО- ДПМНЕ преку обвинувањата сакаат да ја дефокусираат јавноста од реалноста која е сурова, бидејќи во Македонија владее беда, сиромаштија, корупција и криминал, благодарение на актуелната власт.

–    Ако во Охрид има сив криминал, зошто тоа не го спречивте или не презедовте соодветни мерки. Не господа од ДПМНЕ, само од популистички аспект, пишувате се и сешто, сакајќи Охрид да го претставите во најцрно светло, сега во екот на туристичката сезона и да му нанесете невидена штета, за што повторно “ќе ја обвините локалната власт во Охрид предводена од СДСМ, стои во реакцијата.

Во однос на обвинувањата дека дел од парите наплатени од паркизните ќе одат во приватни џебови, од СДСМ велат:

–    Кажете ги тие лица, и ние сакаме секој криминал да биде санкциониран, па и овој – доколку го има. Ние такви сознанија немаме. Инаку за ваша информација околу финансирањето на локалните избори во март 2013, за разлика од вас кои лани на парламентарните избори оставивте непокриена дупка од од 3,2 милиони евра, СДСМ е сериозна партија, со сериозни членови кои плаќ’аат членарина во партијата, како и голем број спонзори кои ‘ќе донираат за претстојните локални избори, велат од општинската СДСМ.

OhridNews