Презадолжената општина успешно функционира и покрај тоа што претходната власт предводена од СДСМ го остави градот оптоварен со финансиски долг од околу 35 милиони евра и извршни судски решенија на кои се плаќа дневна камата од околу 14 илјади евра, се наведува во реакцијата од локалната самуправа по критиките изнесени од страна на општинската СДСМ.
– Локалната самоуправа плански враќа стари долгови, не создава нови задолжувања туку редовно ги сервисира новите обврски и работи на подобрување на животот на граѓаните. Критиките на СДСМ за лошата сезона се целосно не аргументирани, ако се знае дека посетеноста на Охрид оваа година според релевантните податоци е само за 10 % помала од 2013 година, која пак беше за околу една третина подобра од 2011 година – која беше најдобра сезона во време на владеење на претходната власт.Критиките дека Охрид немал автобуска станица и нов пазар ги оценуваме како лицемерни, ако се знае дека токму СДСМ со годни додека ја имаше власта не стори ништо да се направи автобуската и пазарот, велат од локалната .
Оттаму, додаваат дека за пазарот и за автобуската станица се бараат партнери за реализација на Јавно приватно партнерство, а конкретно за пазарот распишан е и оглас за избор на најдобра понуда, по што се очекува да се избере партнерот кој ќе го изгради новиот објект.
Во врска со изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ, реакција и од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
– Во времето на СДСМ наплатата од паркинзите одеше во рацете на познатите “Брачки“, а денес наплатата од сите паркинзи вклучувајќи ги и тие кај Центарот за обука на вода и кај Полигонот за мали спортови оди на контото на ЈП “Билјанини извори “ кое СДСМ целосно го опустоши, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ потсетувајќи на локациите во градот на кои може бесплатно да се паркира. Меѓу нив, месноста Долни Сарај, на “Илинденска“, кај Антички театар и над театарот, пред куќата на Уранија“, просторот кај црквата “Св. Варвара“, кај црквата “Света Софија “ крак од улица “Коста Абраш“ од левата страна, паркингот кај “Сараиште“, просторот пред Горна Порта, кај амбуланта Маларична , на левата страна од улицата “Јане Сандански“.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека во поодмината фаза е реализацијата на проектите за пазарот, базенот, пешачката патека.
– Фактите стојат зад вистината. Добар показател за зголемениот број на туристи во Охрид е наплатата на туристичката такса. Во однос на 2011-та година кога Општина Охрид наплатила од туристичка такса околу 26 000 евра за месеците април, мај и јуни, за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кој што според нашите согледувања веќе е компензиран во овој месец, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews