Горан Андоновски (РК Охрид) – Сакам да ја поздравам охридската публика која покрај поразот од Струга повторно одвои време да не бодри на домашен терен. Конечно тоа што го работевме на тренинзи го пресликавме на теренот со Радовиш. Од сега па натаму ќе негуваме игра со брз центар, бидејќи сме физички спремни да го издржиме тој ритам. Ме радува фактот што ракометарите ја надминаа психичката бариера по поразот од Струга и покажаа дека тоа е веќе минато. Но, сакам да напоменам дека добро е што од нив изгубивме во Купот, а имаме уште еден натпревар во првенството исто на домашен терен.
Живко Андонов (РК Радовиш) – Да им честитам на домашниот состав за победата и да им се заблагодарам за гостопримството. Ние на почеток од сезоната не бевме претенденти за влегување во Супер лигата затоа поразот од Охрид нема да го прифатиме толку трагично. Сакаме да играме машки ракомет, а Охрид ни го дозволи. На победа се радуваше подобрата екипа, а мене како тренер ми е многу мило кога гледам волкав број на публиката на натпревари од Првата лига. Честитки за Охрид и им посакувам многу среќа понатаму.
Крсте Андоновски (РК Охрид) – Сеуште ја осеќаме горчината од поразот на домашен терен од Струга. Но, полека со вакви победи и поддршка од нашата верна публика ќе го надминеме тоа.
Атанас Поп Стефани (РК Охрид) – Победата над Радовиш ќе влијае добро за самодовербата и атмосферата во екипата. Се надевам дека ќе продолжиме во ваков ритам како што игравме против Радовиш и ќе нанижеме уште победи во пролетниот дел од сезоната.