Во врска со најавите за реализација на инфраструктурни проекти од страна на кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески со реакција од Сојузот за иднината.

Како што велат оттаму, сакаат да потсетат дека партијата на Бакрачески и претседателот Никола Груевски уште во 2006 година бомбастично ја најавиле изградбата на автопат од Гостивар до Охрид со крак до граничниот премин Ќафасан и автопатот од Битола до Охрид.

– Тоа ветување им е главно на сите изборни циклуси од 2006 година па се до денес, а овие патишта се во уште покатастрофална состојба од 2006 година. На истиот начин ли ќе ја подобрите патната инфраструктура во Охрид?! Толку ли не сфативте дека граѓаните одамна ве имаат прочитано, толку ли не сфативте дека народот гледа кој се грижи за Охрид, а кој го кочи неговиот развој?! За тоа како изгледа патната инфраструктура во градот и како се средени скоро сите улици можат да видат во делот од отчетот кој им го испечативме во поголем формат. Граѓаните тоа го гледаат веќе осум години и константно го поддржуваат градоначалникор Александар Петрески. Вашиот кандидат за градоначалник ќе ја доживее истата судбина како и неговите претходници, односно че остане само кандидат. Само што овој пат, тоа ќе се случи уште во првиот круг, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината.