ОК ВМРО ДПМНЕ со соопштение реагираше на изнесените ставови на денешната пресконференција на СДСМ.
„Во моменти кога очекуваме одговори од нивна страна добиваме клевети, измислени фрази и измислени имиња. Тоа само го покажува и докажува нивното лице, тоа ја покажува нивната безидејност. Нивниот Општински лидер може да се крие колку сака, сепак не може да побегне од одговорноста за периодот додека беше низ различни позиции и функции во Локалната самоуправа. Кога веќе зборуваат за јавна дебата, тогаш слободно нека одговорат на прашањата кои упорно им ги поставуваме одреден период наназад. Зарем и тоа не е еден вид на дебата. Измислените оправдувања во кои не веруваат ни самите тие се само показател повеќе за нивната паника.
Од друга страна граѓаните на Охрид недвосмислено ја знаат вистинската опција за Претседател на Република Македонија во ликот на Ѓорѓе Иванов како и единствената вистинска политичка опција ВМРО ДПМНЕ.“-стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews