Реагирањата на граѓаните како и забелешката што е упатена до Вашата редакција од иритиран граѓанин во врска со протоколот односно посебниот режим за сообраќај за време  на разни самити, форуми и сл. државнички настани во Охрид – во целост се совпаѓаат со упорното укажување на градоначалникот Петрески до Владата дека Охрид мора да ја добие зобиколницата од северниот влез во градот – преку „Железничка“ – штотуку пробиената „Источна заобиколница“ – па се до Спортската сала. На тој начин, не само што ке се избегнат непотребните пореметувња на сообраќајот низ градските улици, туку и превозот за делегациите и гостите од Аеродромот, односно од правец на Скопје, би бил побрз и побезбеден, се вели во писмената реакција на портпаролот на Општина Охрид, Никола Маневски,  по повод забелешките на граѓаните околу строгиот протокол за време на големите политички настани кои се одржуваат во градот.

„Ќе потсетам дека токму со таква намера, покрај постојаните укажувања, градоначалникот Петрески одлучи да се започне реконструкцијата на „Железничка“ уште пред 2 години очекувајќи дека Владата ќе покаже слух за таа потреба и ќе ја заврши реконструкцијата бидејки тоа е регионален пат оносно под „капа“ на Републичкиот Фонд за патишта. Како уште една потврда за заложбата на Градоначалникот Охрид да ја добие трасираната заобиколна сообраќајница,  нека послужи фактот дека пред скоро 3 месеци се отпочнаа работите од страна на Општината на „Источната заобиколница“ кај бензиската пумпа „Бињанини Извори“ , но и со ова, судејки по се, не и „текнува“ на    Владата да направи нешто на овој план за Охрид. Едноставно, причините се теснопартиски интереси а не потребата на граѓаните.
Впрочем, Владата умешно кажува колку го сака Охрид  ама за да се фали со него а не и да прави нешто за него и да ги заврши ветените работи или започнатите проекти за кои, иаку се во нејзина надлежност, Општината вложила свои средства во интерес на своите граѓани“, стои во реакцијата на општинскиот портпарол Маневски.

Ohridnews