Тримфот на Реал Мадрид над Атлетико е десети за кралевите во ова натпреваување. Што велат бројките?

17. гола постигна Кристијано Роналдо оваа сезона во Лигата на шампиони што преставува рекорд во ова натпреварување.

10. титула за Реал Мадрид. Апсолутен рекордер по бројот на освоени титули.

4. Реал Мадрид е единствниот тим што успеа да им даде 4 гола на Атлетико Мадрид сезонава.

3. титула за Карло Анчелоти како тренер. Две претходно во 2003 и 2007 година освои со Милан. Тој е втор со вакво остварување по тренерот на Ливерпул Боб Пазли.

2. Со два различни тима успева Анчелоти да ја освои Лигата на Шампиони. Тоа им успеало уште на Ернст Хапел, Отмар Хицфилд, Жозе Мурињо и Јуп Хејкенс.

1. Герет Бејл е првиот велшанец што постигнува гол во финалето од Лигата на Шампиони.

0. Атлетико Мадрид ќе мора да почека на својата прва титула во најквалитетното натпреварување.

ohridnews