Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп, откако во реванш мечот со 2-1 ја совлада Барселона и благодарение на правилото гол на гости се радуваше на титулата, првиот меч заврши 3-2 за Барса.


Игуаин и Роналдо и погодија за “кралевите“, додека по правило стрелец за Барселона беше Меси. Работата за Барселона беше отежната по исклучувањето на Адриајно во 27 минута.

 
Мечот го одбележа дебито на Лука Модриќ во кралскиот дрес, но и серијата одбрани на Касиљас на голот.


Со погодокот на овој меч Меси , стана најпрецизниот фудбалерна Барселона со 15 гола во мрежата на Реал. Роналдо на последните пет меча пет пати ја тресеше мрежата на Барселона, додека најпрецизен фудбалер во меѓусебните пресметки е Алфредо Ди Стефано со 18 постигнати гола.