Градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико подготвени се за пресметката во Супер купот на Европа, кој оваа година ќе се одигра естонскиот град Талин. Билет за учество во Супер купот Реал Мадрид обезбеди со победата во Лигата на Шампиони, додека Атлетико Мадрид триумфираше во Лигата на Европа.

  •  Атлетико е многу голем тим, воден на извонреден начин. Тие играат одлично во важните натпревари и ќе треба да им се спротивставиме. Очекувам меч, во кој двата тима ќе играат на границите на своите можности и ќе треба да го покажат најдоброто од себе. – изјави тренерот на „кралевите“, Хулен Лопетеги кој ќе има официјално деби на клупата.
  • Се игра еден меч во кој се е можно. Ние не остапуваме од нашата игра, бидејќи Франција со нашиот стил го освои златниот медал на Светското првенство во Русија. Тренерот и играчите на Реал ќе бидат мотивирани, затоа што почнуваат нова сезона со големи промени. – потенцираше Диего Симеоне.

Натпреварот во Супер купот ќе започне во 21 часот. Минатата година во Скопје на „Филип Втори“ арената победи Реал Мадрид совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-1.

OhridNews